Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Чудна „војна“ на Британците и Германците во Шпанија – кој е полош?

(ВИДЕО) Чудна „војна“ на Британците и Германците во Шпанија – кој е полош?
Британците и Германците водат нова војна - околу лежалки за плажа и тоа во познатото шпанско одморалиште Љорет де Мар. Со оваа несекојдневна „војна“ прв се занимавал германскиот весник Билд, кој спровел истрага кој и кога ги монополизира лежалките околу базените во ова шпанско туристичко место, а кои очигледно ги нема во доволен број за сите гости. Новинарите на Билд ги снимале празните лежалки во 7:30 часот наутро, а потоа два часа подоцна кога биле покриени со крпи за да се означи дека се „зафатени“. Се концентритале на оние на кои имало типично британски обележја, како Дејвид Бекам или знамето на Велика Британија. Кога конечно туристите стигнале на плажа, новинарите на Билд тргнале да дознаат за кого се работи. Насловот под кој бил објавен текстот гласи: „Имаме докази за војната за лежалки. Англичаните се најлоши узурпатори!“ Всушност, се работело за сосема обични британски семејства кои целосно отворено признале дека доаѓаат порано за да ги зафатат лежалките, затоа што поинаку нема шанса да дојдат до нив. И додале дека „сите го прават истото“. Еве како изгледа трката: http://www.youtube.com/watch?v=Ojt4p4jrm9M Секако, британските медиуми се лутат на ваквите пишувања од германските колеги, особено на Билд кој неодамна објави уште еден негативен текст за британските туристи. Тој Британците ги опиша како „пијани, глупави, развратни, дебели и гласни и дека секогаш горат на сонце“. Во неодамнешно истражување, Германците се изјасниле дека по Русите најмногу на одмор ги мразат - Британците.
Слично

Поврзани вести