Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Човек почина откако пропадна во дупка која се отвори во базен

(ВИДЕО) Човек почина откако пропадна во дупка која се отвори во базен

32 годишниот Клил Кими починал откако го вшмукал вител на дното од базенот во вилата што неговата маркетинг компанија ја изнајмила за забава во градот Кармеи Јосеф во централниот дел на Израел, објави британски Телеграф.

Човекот кој накратко бил заглавен во дупката избегал со полесни повреди, но телото на Кими е пронајдено неколку часа подоцна на дното на тунелот долг 15 метри што се отворил под базенот.

Еден од присутните на забавата рекол дека дупката се појавила наеднаш, додека околу базенот имало околу 50 луѓе.

„Нивото на водата наеднаш почна да опаѓа и се отвори огромна дупка, што предизвика вртлог кој вовлече две лица“, изјави еден од очевидците.

Брачна двојка на возраст околу 60-тина години, на чиј имот се одржала забавата, е уапсена под сомнение дека од небрежност предизвикале смрт.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести