(ВИДЕО) ЧОКОЛАДЕН ПУТИН: Направена статуа за рускиот претседател
На денешниот Фестивал на чоколадото, беше прикажана чоколадна статуа во природна големина на рускиот претседател Владимир Путин.
Склуптурата е тешка над 70 килограми и висока 172 сантиметри. Освен чоколаден кип на рускиот лидер направена е и чоколадна реплика на неговото куче, женка лабрадор Кони.
Овие дела никој не смее да ги допре или вкуси, освен претсеателот Путин.
Скулптурата е дело на рускиот вајар Никита Гусев, а организаторите на фестивалот се надеваат дека чоколадниот Путин ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zHwsNS6vsP4[/embed]
Слично

