Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ЧЛЕН НА ХАМАС ГО ФРЛИ МИКРОФОНОТ: Прекина интервју и не сакаше да ги коментира масакрите над израелските цивили

(ВИДЕО) ЧЛЕН НА ХАМАС ГО ФРЛИ МИКРОФОНОТ: Прекина интервју и не сакаше да ги коментира масакрите над израелските цивили

Припадник на Хамас одби да ги коментира убиствата на израелските цивили, Новинар праша член на терористичката организација Хамас како го оправдува масакрот на цивили, по што тој веднаш го прекина интервјуто.

Дописникот на Би-би-си од Бејрут, Хуго Бачега, вчера го интервјуираше Гази Хамад, долгогодишен член на Хамас и портпарол на милитантната организација која го нападна Израел.

На видеото се гледа како членот на Хамас го извади и фрли микрофонот и не сакаше да коментира за убиствата на израелски цивили. 

Хамас на 7 октомври почна со напади на Израел. Загинаа над 1.400 израелски граѓани, најголем дел цивили, а Хамас зема и над 200 заложници. Нивната судбина е непозната. Хамас тврди дека им треба време да ги најдат, но претходно кажаа дека дел од нив загинале во воздушни напади. 

Светската здравствена организација денеска објави 7.028 смртни случаи во Газа, од кои повеќе од 40 отсто се деца. СЗО цитираше податоци од Министерството за здравство во Газа, кое е под управа на Хамас, пишува Би-би-си.


Слично

Поврзани вести