(ВИДЕО) Чиле прогласи катастрофа во областите погодени од земјотресот
Чилеанските власти прогласија катастрофа во северните области на земјата, кои се најмногу погодени од земјотресот од 8,2 степени според Рихтеровата скала, што го погоди Чиле.
Најмалку пет лица загинаа во разорниот потрес, а илјадници се евакуирани, во очекување на можно цунами како последица на земјотресот со епицентар во близина на чилеанскиот брег, на 10 километри под морското дно.
Бранови повисоки од два метра досега погодија одредени области, а пожарот предизвика и прекин на електричната енергија, лизгање на земјиште и пожари.
Властите појаснуваат дека состојбата на природна катастрофа била прогласена и со цел да се спречат беззаконие и грабежи во погодените области. Ситуацијата веќе ја искористија околу 300 жени-затворенички од затворот во Икике, кои успеале да побегнат додека траела паниката од земјотресот. Властите објавија дека веќе успеале да уапсат 26 од нив и да ги вратат во затвор.
Потресот бил почувствуван и во Перу и во Боливија, а предупредување за цунами е на сила во сите јужноамерикански земји кои излегуваат на Тихиот Океан.
http://www.youtube.com/watch?v=AjECrqoL_-I
Слично
