(ВИДЕО) Часовникот на Страшниот суд е три минути пред полноќ
Последниот пат кога стрелките на часовникот беа преместени, беше во јануари 2015, бидејќи според шефот на проектот Кенет Бенедикт „веројатноста од глобална катастрофа била многу голема“.
Стрелките на „часовникот на страшниот суд“, кој го симболизира наближувањето на планетарна катаклизма, се појавија пред околу 70 години на насловната страна на списанието „Билтен на нуклеарните физичари“, остануваат на претходното место - на три минути пред полноќ, пренесоа светските агенции.
Главниот уредник на изданието Рејчел Бронстон истакнала дека во почетокот на 2016 година научниците одлучиле ниту да ги приближуваат, ниту да ги оддалечуваат од „нуклеарниот полноќ“.
„Стрелките повторно ќе покажуваат 23 часа и 57 минути“, истакнала Бронстон.
За возврат членот на уредничкиот одбор на списанието, професорот од Универзитетот во Аризона, Лоренс Краус, појасни дека „одлуката не била лесна и беа земени предвиди многу фактори, вклучувајќи ги главните предизвици и опасности пред меѓународниот мир и безбедност“.
Помеѓу позитивните фактори на нуклеарните физичари направени се постигнатите спогодби за иранската нуклеарна програма и декемвриската конференција за климата во Париз.
Помеѓу негативните - влошувањето на односите меѓу САД и Русија, нуклеарниот тест на Северна Кореја и зголемувањето на терористичката закана.
„Со сите добри и лоши страни, решивме да ги оставиме стрелките на часовникот на старата положба“, изјавил Лоренс Краус.
Последниот пат кога тие беа преместени, беше во јануари 2015, бидејќи според шефот на проектот Кенет Бенедикт „веројатноста од глобална катастрофа била многу голема“.
Во овој ред на мисли тој истакнал не само за присуството на огромните нуклеарни арсенали, туку и за „неконтролираните климатски промени на Земјата“.
Мислењето Кенет Бенедикт е дека светските лидери не можеле да ги преземаат потребните мерки за да ги заштитат жителите на планетата од потенцијална катастрофа.
Тогаш поголемата стрелка на „часовникот на апокалипсата“ беше поместена напред за две минути до 23:57. Овој симболичен часовник постои од 1947 година. За овој период стрелките му биле преместени 22 пати.
Најблиску до нуклеарната катастрофа бил во 1957 година, кога САД и СССР тестирале водородни бомби во интервал од девет месеци.
Тогаш часовникот покажувал 23:58.
Видете кои се најопасните оружја во светот.
