(ВИДЕО) Чак Норис го спасува Бенјамин Нетанјаху во Израел
Кога си заглавен во аголот и помош не гледаш од никаде, единствен спас е ... Чак Норис. Нели така?
Во пресрет на парламентарните избори во Израел, кои се одржуваат денеска, премиерот Бенјамин Нетанјаху доби непроценлива поддршка. Актерот од акција филмовите на 90-тите години на минатиот век, кој го доби статусот на бесмртен, Чак Норис изрази поддршката кон израелскиот лидер со видео обраќање.
„Го гледав говорот на премиерот Нетанјаху пред конгресот и видов човек кој ја сака својата земја со сето свое срце и душа. Исто така видов силен лидер кој е од исклучително значење за безбедноста на израелскиот народ“, изјавил актерот, чие вистинско име е Карлос Норис.
Потоа го споделува своето лично искуство, поврзано со државата: „сум снимал три филма во Израел“-„Делта Форс“ „еден од моите омилени, каде стекнав многу пријателства“.
