(ВИДЕО) Целосно изгоре автобус кој превезувал фудбалски тимови
Автобус кој превезувал членови на два средношколски фудбалски тимови се запалил на пат кон централниот дел на државата Њујорк.
Децата требало да играат натпревар, но сите успеале навреме да излезат од опожареното возило, така што нема жртви. Автобусот целосно е изгорен.
Претставници на училиштето во Трумансбург велат дека автобусот во понеделник превезувал машки и женски фудбалски тим на натпревар во градот Маратон, во блискиот округ, кога се запалил, пренесува денеска АП.
Слично
