Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Цел ужас застанат во минута и пол: Објавена снимката како пука брана во Бразил-стотици мртви

(ВИДЕО) Цел ужас застанат во минута и пол: Објавена снимката како пука брана во Бразил-стотици мртви

Се појавија драматични фотографии и видео снимки кои го прикажуваат моментот на пукање на брана во Бразил.

На снимките се гледа како браната пука и со тиња ја покрива кантината на компанијата Вале и околните згради во Брумадињо , во Минас Жераис .

Истрагата за причината за трагедијата која однела, по се изгледа, најмалку 300 животи, уште трае, а ова е втор инцидент во компанијата Вале во последните три години.


Уапсени се вкупно пет лица, а истражителите велат дека се приведени тројца челници на компаниите чии задачи биле осигурување на сите потребни дозволи и решенија за влијанија на околината.

Вале е најголем светски произведувач на олово и никел и неговите челници учествуваат во истрагата.

Слично

Поврзани вести