Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Буш направи гаф и спомена брутална инвазија на Ирак, а мислеше на Украина

(ВИДЕО) Буш направи гаф и спомена брутална инвазија на Ирак, а мислеше на Украина

Eкс американскиот претседател Џорџ Буш направи гаф кој ги насмеа сите. 

Тој погрешно ја нарече инвазијата на Ирак како „брутална и неоправдана“, а потоа се поправи велејќи дека мислел на руската инвазија на Украина.

„Резултат на таквиот систем во Русија е непостоење на контрола и рамнотежа што му овозможи на еден човек да почне потполно неоправдана и брутална инвазија на Ирак“, рече Буш од говорницата, а потоа, се коригира „Сакам да кажам, на Украина“.

Потоа се пошегува на своја сметка, велејќи дека годините очигледно го прават своето, пренесе Ројтерс. 

Фото: cnn.com


Слично

Поврзани вести