Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БУРНО ВО КАТАЛОНИЈА: Рахој повика на смена на Пучдемон

(ВИДЕО) БУРНО ВО КАТАЛОНИЈА: Рахој повика на смена на Пучдемон

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјавил во Сенатот дека смената на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон не е исклучена доколку се усвојат мерките кои подразбираат пеземање на контролата над Каталонија.

Рахој рекол дека „она што се случува во Каталонија“ претставува „јасно кршење на законот, демократијата, правата на сите, и таквото нешто ќе има последици“.

Рахој порачал дека специјалните овластувања не значат одземање на слободата на Каталонците, туку нивна заштита.

Шпанскиот премиер рекол дека мерките кои на Сенатот ги предложила неговата влада се единствен излез од актуелната криза.

Шпанскиот сенат гласа за активирање на член 155 од Уставот на Шпанија, што би претставувало принудна управа на Мадрид над Каталонија.

Шпанскиот сенат гласа за мерките кои минатата недела ги предложи премиерот Рахој за распуштање на каталонската влада и распишување на вонредни избори во рок од шест месеци.

Слично

Поврзани вести