Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ВО ФРАНЦИЈА: Имаше пукање, запалени автомобили и нападнати затвори

(ВИДЕО) БУРНА НОЌ ВО ФРАНЦИЈА: Имаше пукање, запалени автомобили и нападнати затвори

Немирна ноќ имаше во Франција. Нападнати се седум затвори. Запалени се автомобили, а се слушале и истрели. 

Како што пренесува Би-би-си, имало ноќни напади.  Францускиот министер за правда Жералд Дарманин изјави дека затворите се подложени на „обиди за заплашување“ и ги поврза нападите со владините мерки против трговијата со дрога.

Дарманин изјави дека патува за да им даде поддршка на погодените полицајци во затворот во Тулон, кој бил цел на пукањето. Без директно именување кој стои зад нападот, тој рече дека француската влада „се соочува со проблемот на шверц со дрога“ и дека презема мерки што „длабоко ќе ги попречат“ криминалните мрежи.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретајло изјави дека одговорот на владата мора да биде „немилосрден“. 

Како што пишува весникот Ле Паризиен, цел на нападите биле седум институции: во Тулон, Екс-ан-Прованс, Марсеј, Валенс и Ним на југот на Франција и во Вилпент и Нантер, во близина на Париз. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести