(ВИДЕО) Буркина Фасо: Потресно сведочење на оние кои го преживеале терористичкиот напад
Заложничката драма во хотелот Спелендид во Уагадугу, главниот град на Буркина Фасо, однесе 20 животи.
Преживеаните заложници сведочат за лошите сцени во кои присуствувале кога Ал Каеда го извршила нападот во центарот на Уагадугу.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EmesXHnpPv4[/embed]„Луѓе лежеа на сите страни. Се беше полно со крв. Им пукаа во нивните глави. Кога ја напуштија просторијата, се запалија, па почнавме да се гушиме од димот“, изјавил еден неименуван гостин на хотелот.
Една жена за фрнацуска телевизија објаснила како го убиле човекот кој стоел пред неа:
„Беше точно пред мене. Пукаа во него тој падна и остана неподвижен да лежи на земја.
Хелена Уредаго, која била во посета на еден пријател, се спасила така што избегала преку прозорец.
„Видов само дека носат турбани. Сите беа наоружани. Веднаш почнаа да пукаат, а јас избегав“, изјавила Уредаго.
