(ВИДЕО) БУРА ОДНЕСЕ 25 ЖИВОТИ ВО АМЕРИКА: Оди кон Њу Орлеанс, почнала евакуација
Властите во Њу Орлеанс евакуирале граѓани во пресрет на налетот на тропската бура Нејт која веќе однесе 25 животи во Централна Америка.
Нејт би требало да стане ураган од категорија еден, додека удри на американскиот брег во Мексиканскиот залив , а евакуирани се граѓани кои живеат надвор од системот на заштитни бедеми.
Нејт е на нашиот праг или ќе биде наскоро, рекол градоначалникот на Њу Орлеанс Мич Ландриј, пренесе Ројтерс.
Најголема закана од оваа бура не е дожд, туку силни ветрови и бурни налети од 1,8 до 2,7 метри, рекол градоналачникот. Нема места за паника, сепак додал тој.
Илјадници луѓе се раселени а патиштата се претворени во реки.
Слично
