Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бура ја зафати Шпанија, се очекуваат поплави

(ВИДЕО) Бура ја зафати Шпанија, се очекуваат поплави

Бурата „Алис“ пристигна во Европа.

Западна Европа ja зафати бурата наречена Алис, а најтешко е погодено крајбрежјето на Коста Бланка во Шпанија, каде што е прогласено највисоко ниво на тревога.

Метеоролозите предупредуваат на „исклучителен ризик“ поради обилни врнежи од дожд што би можеле да предизвикаат поплави, особено во туристичките центри како Аликанте и Валенсија.

Шпанската метеоролошка агенција AEMET издаде црвена тревога, наведувајќи дека се очекуваат повеќе од 140 милиметри дожд за само 12 часа.

„Постои исклучителен ризик. Можни се поплави и ненадејни поплави. Следете ги упатствата на цивилната заштита“, гласи предупредувањето.

Врнежите од дожд треба да почнат околу 10 часот наутро денеска и да траат до понеделник, а покрај Валенсија, ќе бидат погодени и регионите Мурсија и Балеарските Острови.

Во Валенсија имаше катастрофални поплави во октомври лани, во кои загинаа повеќе од 220 луѓе.


Слично

Поврзани вести