Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бура ја зафати Португалија, има и жртви

(ВИДЕО) Бура ја зафати Португалија, има и жртви

Две жртви има во невремето кое ја зафати Португалија. 

Обилните дождови и силните ветрови што ја погодија земјата ноќеска однесоа најмалку две жртви и направија големи штети во областа на Лисабон и во центарот на земјата, според спасувачките служби, пренесува Ројтерс.

Еден маж загина во Вила Франка де Чира, на периферијата на Лисабон, кога откорнато дрво паднало врз автомобилот што го возел.

Уште едно лице загина при паѓање на „метална конструкција“ во Монте Реал, во регионот Леирија.

До 850.000 домаќинства и други згради беа без електрична енергија во раните утрински часови.

Бурата Кристин донесе и ветер со брзина до 150 километри на час, придонесувајќи за паѓање на дрвја, поплави и лизгање на земјиштето и принудувајќи ги спасувачките служби да интервенираат во вкупно околу 1.500 случаи од полноќ до 8 часот наутро по локално време.


Бурата Кристин продолжи кон исток и утрово стигна до Шпанија.

foto printskrin youtube



Слично

Поврзани вести