Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БУРА ЈА ЗАФАТИ ФРАНЦИЈА: Загина возач на камион откако го удри гранка што му ја прободе шофершајбната

(ВИДЕО) БУРА ЈА ЗАФАТИ ФРАНЦИЈА: Загина возач на камион откако го удри гранка што му ја прободе шофершајбната

Бурата Нилс ја погоди Франција  каде 450.000 домови се без струја, а има и загинати.

Невремето го зафати југозападниот дел, а досега има и две жртви. Вчера загина 55-годишен возач на камион, откако го удри гранка што му ја прободе шофершајбната. Фигаро наведува дека денеска загинало уште едно лице во департманот Тарн и Гарон, без дополнителни детали за тоа.

„Електричната енергија е вратена на 50 проценти од 900.000 клиенти кои беа без електрична енергија. Најпогодени региони се Нова Аквитанија со 292.000 домови и Окситанија со 153.000 домови“, објави утрово Енедис, главниот оператор на мрежата за дистрибуција на електрична енергија во Франција.


Енедис соопшти дека мобилизирала 3.000 луѓе, вклучувајќи 2.100 техничари, „соочени со настан од историски размери што ги надмина дури и најсигурните прогнози“.

Департманите Жиронда и Лот и Гарона се под црвено предупредување за поплава, кое ќе остане на сила во сабота.

foto printskrin youtube


Слично

Поврзани вести