(ВИДЕО) Бунт на бегалците во Унгарија, фрлаат камења врз полицајците, тие возвраќаат со солзавец
Унгарската полиција превзеде крути мерки за да не дозволи бунт на бегалците од кампот во јужниот дел на земјата. Мигрантите во гратчето Реске се обиделе да излезат и да тргнат кон Австрија при што избиле судири, помеѓу бегалците кои фрлале со камења по полицијата, а полицијата возвратила со употреба на солзавец.
Претходно денеска беше соопштено дека 300 лица кои ја напуштиле зоната на кампот, незадоволни од бавното разгледување на документите за добивање на статус и да бидат примени во Германија. Тие сепак биле пресретнати и вратени назад од унгарските сили за безбедност.
И покрај обидите на унгарската полиција да ја задржи ситуацијата под контрола, одделни групи веќе го напуштиле кампот и се упатиле пеш кон соседна Австрија. Најголемата колона е од околу 3000 луѓе и се движат по автомобилскиот автопат кон Виена. До австриската граница бегалците треба да поминат околу 150 километри.
Тензиите нагло ескалирале и во унгарската престолнина, каде што групата фудбалски навивачи нападнала групи мигранти околу станицата во Будимпешта „келеш“, соопшти „rt.com“. Навивачите фрлале по бегалците со димни бомби и со шишиња, тие им одговориле со фрлање на чевли и шишиња минерална вода.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/kthamDnE7ew[/embed]