Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БУНКЕР: Еве каде се чуваат 500.000 плочки злато

(ВИДЕО) БУНКЕР: Еве каде се чуваат 500.000 плочки злато

Тројца мажи во гранитна карпа под Менхетен отвораат кафез полн со златни плочки. Една по една, ги ставаат на вага, ја запишуваат тежината и серискиот број. Потоа ги пакуваат во кутии и ги ставаат во лифт, кој доаѓа до гаражата. 

Претходно, од катакомбите на Сојузните резерви на САД на овој начин исчезнале околу 24.000 златни плочки во вредност која надминува десет милијарди евра. Тоа не било кражба, туку вообичаена пракса.

Тоа било дел од германското злато, кое Германската централна банка таму го чува од крајот на Втората светска војна, како и многу други држави. Во неколку етапи, Германија пред некое време подигнала 300 тони злато. 

Но, теоретичарите на заговор се сомневаат во тоа дека тука, на 60 метри под американската берзанска населба, се крие најголемото складиште за злато на светот: 500.000 златни плочки во вредност од 260 милијарди долари. 


Слично

Поврзани вести