(ВИДЕО) Бугарскиот политичар Костадин Костадинов го нападна возилото на Фон дер Лајен
Претседателот на проруската партија „Преродба“, Костадин Костадинов е снимен како го попречува влезот на автомобил пред државниот одбранбен комбинат ВМЗ–Сопот за време на посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Бугарија.
Демонстрантите, делумно со бугарски и руски знамиња, го опколија возилото и неколкупати го удираа со знаме. Не се знае дали Фон дер Лајен била во автомобилот во тој момент. Подоцна Костадинов тврдеше дека таа пристигнала со хеликоптер, а не со автомобил.
Слично
