Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бруталност на полицијата: Протест поради убиството на бездомникот во Лос Анџелес!

(ВИДЕО) Бруталност на полицијата: Протест поради убиството на бездомникот во Лос Анџелес!

Над десетици луѓе излегоа денеска на улиците во Лос Анџелес, барајќи правда и осудувајќи го насилството над бездомникот кој во неделата го убија полицајци бидејќи на еден од нив се обидел да му го земе пиштолот.

Демонстрантите се собрале пред седиштето на полицијата во Лос Анџелес протестирајќи поради убиството кое се случи во неделата и кое е најново во низата убиства на Афроамериканци за што е одговорна полицијата.

Весникот Лос Анџелес тајмс, повикувајќи се на полициски извештаи навел дека убиениот Карли Сатармин Робинет, наречен Африка (39) бил осуден поради вооружен грабеж пред 15 години.

Бил фатен со 33 500 долари, додека се обидувал да избега од банката која ја ограбил, а подоцна на властите им рекол дека со тие пари планирал да ги плати часовите по глума во театарот Беверл Хилс.

Ослободен е во мај минатата година и одтогаш живее на улица.

Шефот на полицијата Чарли Бек, рекол дека жртвата се обидела да го украде пиштолот на еден од четворицата полицајци кои настојувале да го смират. На социјалните мрежи е објавено видео од убиството што поттикнало кртики на сметка на тактиката на полицијата.

„Хеј, хеј, хо, хо, шеф Бек мора да си оди“, извикувале демонстрантите.

Стив Диаз, член на Акционата мрежа на Лос Анџелес, ја повикал полициската комсија да ги процесуира полицајците кои биле вклучени во убиството.

Портпаролот на иселеничката канцеларија на округот Лос Анџелес одбил да го објави идентитетот на жртвата и рекол дека само роднините се информирани.

Слично

Поврзани вести