Економија, финансии, бизнис

Контакт

Видео: Брутално претепана полицајка во Франција, Макрон бесен

Видео: Брутално претепана полицајка во Франција, Макрон бесен

За време на прославата на новогодишната ноќ една припадничка на француската полиција била брутално претепана од група на млади насилници кои ја клоцале на земја, а видеото се појави и на социјалните мрежи.

Причина за нападот во предградието на Париз е што поголема група на млади луѓе не била примена на приватна забава по што била повикана и полицијата да се справи со гневната толпа сочинета од околу 400 лица.

Ваквиот напад го налути францускиот претседател Макрон кој напаѓачите ги нарече кукавици и дека истите ќе бидат пронајдени и казнети. 

На новогодишната ноќ околу 1000 автомобили биле запалени низ цела Франција, а забележани се голем број на разбојништва, тепачки и напади.

Слично

Поврзани вести