Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БРУТАЛНИ ПРЕСМЕТКИ ГО ТРЕСЕА ПАРИЗ: Полицијата крвнички тепаше, демонстранти возвратија со иста мерка

(ВИДЕО) БРУТАЛНИ ПРЕСМЕТКИ ГО ТРЕСЕА ПАРИЗ: Полицијата крвнички тепаше, демонстранти возвратија со иста мерка

Над 370 приведени и повеќе од 130 повредени. Ова е билансот од саботните нереди кои го тресеа главниот град на Франција поради зголемување на даноците и цените на горивата.

Насилството продолжи и вчера, но на улиците во Париз имаше помалку луѓе отколку првиот ден на демонстрациите. Во градот биле распоредени безмалку 4 600 припадници на полициските сили.


Објавена е и видео снимка на која се гледа како група демонстранти во жолти елеци фаќаат еден полицаец го тепаат и потоа го пуштаат.

На Твитер пак осамна и снимка на брутално претепување на еден од учесниците на протестот.


Десетици специјалци под полна опрема соборија на земја човек и кривнички го тепале со пендреци и го шутирале додека беспомошно лежел на земја и лелекал.


Слично

Поврзани вести