Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Брунјаро: Венеција е прва граница на она што ќе му се случи на целиот свет

(ВИДЕО) Брунјаро: Венеција е прва граница на она што ќе му се случи на целиот свет

Како што јави денес ТГ24, градоначалникот на Венеција Луиџи Брунјаро изјави дека штетата предизвикана од плимниот бран во последните неколку дена е поголема од милијарда евра.

Брунјаро денес повика да се разгледа основање на меѓународна агенција за води во Венеција.

„Венеција е прва граница на она што ќе му се случи на целиот свет заради климатските промени. Затоа, ако Венеција победи, сите ќе победиме“, заврши Брунјаро.

Прогласена e вонредна состојба. Нивото на водата достигна 160 сантиметри и најлошото допрва доаѓа.


Слично

Поврзани вести