Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во московското метро се искачи на 20, причините за несреќата уште се бараат

(ВИДЕО) Бројот на жртвите во московското метро се искачи на 20, причините за несреќата уште се бараат
Најмалку 20 лица го загубија животот во тешката хаварија на московското метро, која  се случи утрово. Уште 160 лица се повредени, објави руското Министерство за вонредни ситуации. Не се исклучува бројот на жртвите и натаму да расте. Вкупно 127 лица се хоспитализирани, од кои 42 се водат како тешко повредени. Рано утрово три вагони од преполното метро со луѓе кои оделе на своите работни места излетале од шините во тунелот меѓу две метро станици. Според првичната верзија, причина за излетувањето бил прекин на напојувањето со електрична енергија, кој предизвикал активирање на сигурносните сопирачки и излетување на возот. Првите три вагони излетале под агол од речиси 90 степени од пругата и целосно се уништени. http://www.youtube.com/watch?v=lWV8E2XMmf4 Истрагата разгледува неколку верзии за можните причини поради кои дошло до несреќата, но како што првично се дознава, терористички напад не е една од нив. Според официјалниот претставник на рускиот Истражен комитет Владимир Маркин, нема ништо што сугерира дека се работи за тероризам и „ова најверојатно е несреќа од техничка природа“. Рускиот претседател Владимир Путин, кој за несреќата бил известен додека престојува во Бразил, на состанокот на групата БРИКС, побарал веднаш да се утврдат причините како и тоа дали постои одредена кривична одговорност за случајот. Руските власти веќе утврдија и сума за обесштетување на семејствата на загинатите, кои ќе добијат по 1,5 милиони рубљи (32.100 евра) додека еден милион рубљи (21.400 евра) ќе им бидат исплатени на повредените. Среда, 16 јули, е прогласен за ден на жалост во Русија.
Слично

Поврзани вести