(ВИДЕО) БРИТАНИЈА ЈА ДОБИ СВОЈАТА КАТАЛОНИЈА: По Брегзит нова криза
Малиот британски остров Канви на местото каде реката Темза се влева во Северното море сака независност од Британија.
Иако се на 40 минути возење од Лондон, 40.000 жители од овој остров се чувствуваат дека се многу оддалечени.
„Опкружени сме со море, кое ни дава чувство на независност“ - вели Едвард Паркин, пренесува АФП.
Со копното ги поврзуваат само два пата, а мештаните се погодени затоа што одлуки за нив се носат на другата страна на копното.
Ќе бараат референдум и велат дека ако утре се гласа, 80% ќе се изјаснат за независност.
Слично
