Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Британец си го препозна детето меѓу џихадистите кои вршат егзекуции

ВИДЕО: Британец си го препозна детето меѓу џихадистите кои вршат егзекуции

Британец си го препозна синот меѓу џихадистите кои вршат егзекуции.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/_IikuOsiyFM[/embed]

Мајката на детето Сели Џонс им се придружила на терористите на ИСИС, а со себе во Сирија го понела и синот. Британецот вели дека е убеден дека русокосото момче од пропагандното исламистичко видео, наречено Абу Абдул ал-Британи, е токму неговиот син. Мажот сака да остане анонимен и вели дека мајката му го испрала мозокот на детето.

Џихадистите оваа снимка ја објавија деновиве, а вчера се дознало дека белото дете е син на Сали Џонс, една од најбараните терористки во светот. Џонс, мајка на две деца од Чатам во Кент, заминала во Сирија во 201. година, и со себе го повела помладиот син, чиј прекар е Џоџо.

Детето тогаш имало 10 години и таму го примило исламот, а Сали се омажила со преобратен Британец, Џунаинд Хусеин ал Британи, кој бил убиен лани во воздушни напади.

Сали, поранешна гитаристка во панк бенд, го променила името во Сакина Хусеин.

Таа на Твитер се заканила со терористички напади во Лондон.

Слично

Поврзани вести