(ВИДЕО) БРИТАНЦИТЕ ПОБЕДИЈА: Се одржа Светско првенство во чистење смет
Во Јапонија се одржа Светско првенство во чистење смет.
Минатата недела во главниот град Токио се одржа првото Светско првенство во собирање ѓубре, наречено SpoGomi. Имаше тимови од 21 земја, вклучително и државата домаќин и се натпреваруваа со цел да соберат што е можно повеќе ѓубре за еден час.
Британците победија. Тие собрале 58 килограми ѓубре и заработиле 9.046 поени.
„Другите тимови можеби беа повеќе еколошки ориентирани, помалку спортски, а ние бевме спротивно. Од друга страна, научивме што е потребно за чистење на океаните и намалување на отпадот“, изјави Сара Пари, капитен на британскиот тим.
Тимовите заедно собрале 548 килограми ѓубре од улиците на Токио, а бодовите биле доделени врз основа на видот на отпадот, пренесува News York Post. Тие не смееле да земаат смет од приватни имоти.
foto EPA-EFE/FRANCK ROBICHON
Слично
