Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БРИСЕЛ: Крај на рацијата, уапсен и повреден терорист, имал експлозив кај себе!

(ВИДЕО) БРИСЕЛ: Крај на рацијата, уапсен и повреден терорист, имал експлозив кај себе!

Три силни експлозии и пукање одекнале во бриселскиот кварт Шарбек во текот на антитерористичката операција во која едно лице е уапсено и „полесно повредено“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/3hWnufHoHkc[/embed]

Како што пренесе БиБиСи, рацијата во која учествувале околу 50 агенти на антитерористичката единица е завршеа после речиси еден час и повеќе нема опасност.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/RT_com/status/713363071356502017?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Акцијата е спроведена во истрагата со неодамнешните терористички напади во Европа, а во изминатите 24 часа поради поврзаност со терористи уапсени се најмалку 11 лица во Белгија, Франција и Германија.

Локални медиуми наведуваат дека во прашање била „голема акција“ а на местото каде одекнале експлозиите се наоѓаат голем број припадници на специјалната полиција, оклопни возила и воени камиони.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/HenriotGeoffrey/status/713354844904488960?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Белгиски медиуми пишуваат дека уапсеното лице одбило да соработува со полицијата, како и дека во текот на апсењето се „здобило со полесни повреде  во нозете“. Се наведува и дека кај тоа лице е најден куфер или торба со „експлозивни елементи“.

Неутрализираното лице од квартот Шарбек е осмата личност уапсена во Белгија поради поврзаност со екстремистичките ќелии во Европа. Шест се уапсени во рации изведени ширум Брисел во четвртокот, а едно рано утрово. Претходно две лица се уапсени во Германија, во Дизелдорф и едно во Париз.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EtniTLYaj0E[/embed]

Се верува дека личноста уапсена во последната рација е поврзана со планирање на нови напади во Франција, но и со нападите во Брисел.

Слично

Поврзани вести