Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бразилците ги предупредуваат навивачите: Опасност во океанот!

(ВИДЕО) Бразилците ги предупредуваат навивачите: Опасност во океанот!
Илјадници туристи кои во Бразил навиваат за своите репрезентации на Светското фудбалско првенство, одат на плажата Боа Виажем, која во превод значи „добар (безбеден) пат“, но локалните жители знаат дека името не одговара на местото. Привлечната вода и песочната плажа ги мамат туристите да уживаат во благодетите што ги нуди ова место, но властите предупредуваат: во последните 22 години токму тука од напади на ајкули загинале 24 лица. Оддалечувањето од брегот може да биде смртоносно! На оваа плажа пливачите вообичаено ги чуваат 50 спасувачи. Но, откако почна Светското фудбалско првенство, се зголеми бројот на туристите, па со тоа и бројот на спасувачи беше зголемен. Иако на секои неколку метри е поставен знак кој предупредува на опасност од ајкули, спасувачите и натаму имаат полни раце работа да им објаснат на гостите дека треба да останат во близина на брегот, доколку не сакаат да се претворат во жртви. http://www.youtube.com/watch?v=dLpJgBWYB6U
Слично

Поврзани вести