(ВИДЕО) БРАНА ПРЕД ПУКАЊЕ: 2000 луѓе ги напуштија домовите
Во Северна Каролина, во планинско подрачје евакуирани се 2.000 лица поради можно пукање на браната на езерото Тахома, предизвикано од силната бура Алберто.
Евакуацијата е објавена во вчера вечерта, затоа што инженерот, кој бил во инспекција, проценил дека браната би можела да попушти.
Браната се наоѓа на 129 километри од градот Шарлот.
Обилните дождови предизвикаа поплави во западниот дел на Северна Каролина, десетици патишта се блокирани поради одрони или поплави.
Слично
