Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БОРБА СО БИКОВИ ВО БОСНА: Два бика избегаа во публиката

(ВИДЕО) БОРБА СО БИКОВИ ВО БОСНА: Два бика избегаа во публиката

Бикови влетаа во публиката во Босна и Херцеговина(БиХ). 

Борбите со бикови во селото Бијело Поље кај босанското гратче Какањ, влеаја страв кај гледачите откако два бика избегаа во публиката, пренесе „Телеграф“. Никој не е повреден. 

Борбите со бикови имаат долга историја во Босна и Херцеговина и се сметаат за дел од културното наследство, особено во руралните области. Вакви натпревари се одржуваат со векови, а најпознати се Чевљанската и Грмачката корида, кои собираат и до 60.000 гледачи, додека се проценува дека на најпознатите настани учествуваат до 100.000 луѓе од целиот регион и од странство.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести