(ВИДЕО) Бомбашки напад ја потресе Москва: Има жртви и повредени
Руското Министерство за внатрешни работи објави видео од експлозија на возило на сообраќајната полиција во Москва, при што во нападот загинаа еден полицаец и напаѓачот. Има и повредени.
Според официјалните информации, станува збор за 22-годишен маж од Удмуртија, кој носел експлозивна направа на себе. Тој им се приближил на полицајците, по што ја активирал експлозивната направа.
Објавената снимка го прикажува местото на настанот и последиците од експлозијата.
Руските власти соопштија дека се работи на утврдување на мотивите за нападот, како и на евентуалните контакти и позадината на напаѓачот.
Безбедносните служби го засилија присуството во делови од Москва по инцидентот, додека истрагата продолжува.
Инцидентот потсетува на нападот што се случи пред два месеци во јужниот дел на Москва. Во раните утрински часови на 24 декември, 24-годишниот Павел Голубенко се обидел да постави импровизирана експлозивна направа под полициско патролно возило.
Направата експлодирала кога полицајците Максим Горбунов и Иља Климанов се обиделе да го уапсат. Сите тројца загинаа во експлозијата.
Explosion near Savyolovsky Station in Moscow — bomber and police officer killed
— NEXTA (@nexta_tv) February 24, 2026
An unidentified man detonated an explosive device next to a traffic police vehicle with officers inside in Moscow. The incident occurred around midnight near Savyolovsky railway station — the man… pic.twitter.com/vcwFbWtjGH
