(ВИДЕО) БОМБАШКИ НАПАД ВО НОЌЕН КЛУБ: Повредени над 30 луѓе
Две лица фрлале рачни гранати во ноќен клуб во северна Колумбија, при што се повредени 31 лице, а 11 од нив потешко.
Експлозијата се случила околу полноќ по локално време во ноќниот клуб „Бора Бора“.
Началникот на областа Кауказија, во која се случила експлозијата, Оскар Анибал Суарез, информирал дека напаѓачите биле маж и жена.
Осомничените во нападот на клубот, наводно се уапсени.
Полицијата верува дека зад нападот стои Заливскиот клан, кој се смета за главна криминална група во земјата.
Неколку лица се ранети во експлозијата, а другите се повредени во стампедото што притоа настанало.
Се смета дека нападот бил порака за сопственикот на дискотека, кој, наводно, не сакал да даде рекет.
Слично
