(ВИДЕО) БОМБАШ-САМОУБИЕЦ ПРОБАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО ХОТЕЛ: А тогаш експлодирал и убил 4 полицајци!
Најмалку четири полицајци починале, а 12 луѓе се повредени денеска во експлозија на две бомби во близина на хотел во Египет во кој се сместени изборните судии, во градот ал-Ариш, најголем на Синајскиот полуостров, соопштиле од безбедносниот и медицински извори.
За сега никој не ја превзеде одговорноста за овој напад, пренесе „Ројтерс“. Помеѓу повредените се најмалку двајца судии, кои ги надгледувале парламентарните избори. Најпрво експлодирал автомобил-бомба, а потоа одекнала и друга експлозија десет минути покасно.
Бомбашот-самоубиец пробал со автомобилот-бомба да влезе во хотелот пред безбедносните сили да отворат оган кон него, по што автомобилот експлодирал, прецизираат безбедносни извори.
На интернет се појави видео од стравичната експлозија, чија автентичност сеуште не е потврдена.
Да потсетиме, ограноци на „Исламска држава“ во Египет, Синајската провинција, извеле напади во тој регион пробувајќи да ја превземат владата во Каиро.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/QxSJM6Z7nLc[/embed]