(ВИДЕО) Бомба и престрелка пред полициска станица во Далас
Даласката полиција уби маж, кој отворил оган врз полициската станица во градот и тој најверојатно е мртов, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на шефот на полицијата Дејвид Браун. Полицијата веќе смета дека тој е единствениот сторител на нападот, иако сведок дал податоци за четири лица, пренесоа светските агенции.
Претходно во текот на денот беше соопштено дека неколку мажи, вооружени со автоматско оружје, пукале во полицајци во близина на полициска станица во центарот на Далас, Тексас, по што еден од нив избегал според очевидци. Во инцидентот нема повредени, но во зградата на полицијата биле пронајдени и експлозивни направи, од кои една експлодирала во обид да биде деактивирана од робот.
Сега робот ќе го провери автомобилот за експлозивни уреди и состојбата на напаѓачот, со кого нема контакт од 4 часа. Тој успеал да стигне до паркингот пред зградата на 16 километри од градот, пред да биде опкружен од полицијата. По неколку часа преговори, за време на кои според зборовите на полицијата тој се заканувал „дека ќе ги крене сите во воздух“, снајперисти отвориле оган врз него.
Мажот се претставил како Џејмс Боулуер и ја обвинил полицијата дека поради неа ги изгубил родителските права над својот син и дека го обвинила дека е терорист.
Според полицијата сепак чинот на Боулуер не е терористички, иако мотивите се нејасни. Тој и порано се заканувал за убиство на полицајци, изјавил Дејвид Браун.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/madwho12/status/609600209954324480[/embed]