Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БЛИСКИОТ ИСТОК „ГОРИ“: Меѓу загинатите има и деца, а Палестинците и Израелците се движат кон војна

(ВИДЕО) БЛИСКИОТ ИСТОК „ГОРИ“: Меѓу загинатите има и деца, а Палестинците и Израелците се движат кон војна

Ескалира конфликтот на Блискиот Исток, а ОН предупредуваат дека цената на војната ја плаќа народот. 

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд предупредува на можноста да се извршени кривични дела.

Бројот на убиени Палестинци од почетокот на конфликтот со израелската армија се искачи на 53, вклучително и четиринаесет деца. Израелската служба за безбедност Шин Бет идентификуваше четворица команданти на Хамас убиени во заедничка операција со израелската армија. 

Израел изврши неколку десетици воздушни напади за неколку минути, насочени кон  Газа. Прогласена е вонредна состојба во израелскиот град Лод, недалеку од Тел Авив, пренесува BBC. Во Јафа, во близина на Тел Авив, арапските демонстранти се судрија со полицијата која испукала шок-граната за да ги растера. Во крајбрежниот град Акре бил запален Ури Бури, рибен ресторан сопственост на Евреин, а некои арапски жители изјавиле дека се плашат да го напуштат домот.



Хамас деновиве го упати ултиматумот откако над 300 Палестинци беа повредени во судирите пред Ал-Акса, на денот кога Израел го одбележува Денот на Ерусалим, посветен на преземањето на Источен Ерусалим во 1967 година. 

Слично

Поврзани вести