Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „БЛАГОДАРАМ“ МУ РЕЧЕ ОСЛОБОДЕНАТА ИЗРАЕЛКА НА БОРЕЦОТ НА ХАМАС: Милитантите ослободија две постари Израелки

(ВИДЕО) „БЛАГОДАРАМ“ МУ РЕЧЕ ОСЛОБОДЕНАТА ИЗРАЕЛКА НА БОРЕЦОТ НА ХАМАС: Милитантите ослободија две постари Израелки

Ќерката на Јочеведа Лифшиц, една од двете израелски заложнчки ослободени синоќа, ја посетила својата мајка во болница во Израел и за Би-Би-Си изјавила дека нејзината мајка се чувствува добро.

„Медицинските сестри велат дека  многу сака да сподели информации со семејствата на другите заложници со кои била“.

Шерон Лифшиц зборуваше за Би-Би-Си додека нејзината мајка спиеше, велејќи му на водителот: „Малку сум без зборови. Седев до неа околу еден час, а потоа излеговме и брат ми е со неа. Сите се толку уморни. Помина низ многу нешта“.

Шерон додава: „Да ја видам мајка ми повторно е неверојатна работа. Да ја држиш за рака, само да и го бакнувам лицето и образот, толку сум горда на неа, таа е неверојатна“.

Таа му подаде раката на човекот од Хамас

Шерон споменува видео од ослободувањето на нејзината мајка во кое таа накратко го држи за рака еден од киднаперите.

„Начинот на кој таа замина, а потоа се врати и потоа рече благодарам беше прилично неверојатен за мене. Таа е таква.


Слично

Поврзани вести