Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Француски нафтен магнат загина на аеродром во Москва!

(ВИДЕО) БИЗАРНА НЕСРЕЌА: Француски нафтен магнат загина на аеродром во Москва!
Претседателот на францускиот нафтен гигант „Тотал“ Кристоф де Маржери загина во несреќа на московскиот аеродром „Внуково“. Несреќата се случила кога приватниот авион на Маржери Фалкон-50 се судрил со возило за чистење на снегот на аеродромот. Во несреќата загинале и сите тројца членови на екипажот на авионот, француски државјани. Возачот на маишната за чистење на снег не е повреден, а според првичните информации наводно бил под дејство на алкохол. Истражниот комитет на Русија испитува неколку верзии за несреќата: грешка на пилотот, грешка на диспечерите што го наведувале леталото, грешка на возачот на машината за чистење на снег, лоша видливост. Истрага за бизарниот настан е отворена и во Франција, а француските власти испратија и свои истражители во Москва кои со руските колеги ќе работат на утврдување на точните причини за несреќата. http://www.youtube.com/watch?v=i83Vtuy-4CY http://www.youtube.com/watch?v=Noeq8mdOHb0 Аеродромот и натаму е затворен за сообраќај, а црните кутии од авионот се веќе во рацете на истрагата. Првиот човек на француски Тотал престојувал во Москва на средба со рускиот премиер Димитриј Медведев. Во моментот на несреќата веќе се подготвувал за полетување кон Париз.  
Слично

Поврзани вести