ВИДЕО: Битката за Алепо заврши, 80 000 бегалци тргнуваат кон Турција
Владините сили ги победија бунтовниците во сирискиот град.
Заврши битката за Алепо. Владините сили на Башар Асад веќе го контролираат целиот град. Тоа е факт, по договорот со останатите бунтовници, кои се предадоа.
Рускиот амбасадор во ОН рече дека договорот не ги вклучува цивилите. Се смета дека во соседството има десетици илјади мирни граѓани. Тие треба да останат во своите домови.
Со заземањето на Алепо сириската влада бележи значајна победа.
Голем дел од градот беше во рацете на бунтовниците неколку години.
Стана јасно и дека Турција ќе прифати 80 000 бегалци од градот, рече вицепремиерот Мехмет Шимшек.
„Турција, која има усвоено повеќе бегалци од која било друга земја во светот крева шатори за сместување на 80 000 сириски бегалци од Алепо"-објави Шимшек на официјалната страница на Твитер.
Екстремистите ќе ги напуштат источните квартови на Алепо во наредните часови.
