(ВИДЕО) Битка за секоја улица во Кобане – на повидок нова Сребреница?
Борците на Исламската држава контролираат најмалку 40% од градот Кобане на сириско-турската граница. Џихадистите денеска објавија ново видео, на кое се гледа дека водат жестоки борби за секоја улица со курдските борци кои се обидуваат да го одбранат градот.
http://www.youtube.com/watch?v=3ot6LYRSzzc
Обединетите нации стравуваат дека Кобане може да се претвори во нова светска трагедија, слична на онаа во Сребреница, доколку падне во рацете на џихадистите. Според проценките на светската органзиација, во градот има уште околу 700 цивили, претежно стари и болни, кои веднаш би биле масакрирани, доколку Кобане го освои Исламската држава.
Освен ова, загрозени се животите на уште 12.000 лица кои успеаја да побегнат од градот, но не и да се префрлат на турска територија. Курдското малцинство во Турција протестира против одбивањето на Турција да ги заштити.
Петгодишниот план на џихадистите, кој беше објавен неодамна, покажува зошто Кобане им е толку стратешки важно место. Џихадистите во следните пет години имаат намера да го прошират својот калифат. Ако падне Кобане, Ал Каеда ќе го дестабилизира Јемен. Во Египет повторно залет ќе добие Муслиманското братство, а Исламската држава е уверена дека ќе успее да ги разбуди џихадистите во Саудиска Арабија и во другите заливски земји, кои сега ја поддржуваат антиџихадистичката коалиција.
Слично
