Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БИЛ БЕЗДОМНИК, ПРОСЕЛ ЗА ХРАНА А СЕГА Е БОГАТАШ: Вработува бездомници но тоа не е се!

(ВИДЕО) БИЛ БЕЗДОМНИК, ПРОСЕЛ ЗА ХРАНА А СЕГА Е БОГАТАШ: Вработува бездомници но тоа не е се!

Дру Гундал има таква животна приказна што би можел да се сними филм по неа, но она што е најважно е дека неговата приказна го издигнала од дното од кое сите кревале раце.

Овој Британец одсекогаш сакал да биде актер и кога имал 20 години, а по школото на актерство успеал дури и да стигне до некои помали улоги. Се појавил во филмовите "Snatch" и "About a boy" и ги запознал големите имиња како Брет Пит и Хју Грант.

Меѓутоа, критиките на сметка на неговата глума целосно го уништиле и му промениле се во животот.

Му фалеле пари, а не сакал да се врати кај своите родители да се пожали. Тоа, како рекол, за него било целосен пораз. Така станал бездомник и во наредните 6 месеци живее на картонски кутии во текот на 90-тите години.

Секој ден било борба за опстанок, а просел за храна за да преживее. Повеќе пати сериозно е претепан од непознати пијаници и други бездомници. Се борел и со депресија.


Сепак, животот уште еднаш му се променил кога почнал да улица да чисти чевли за да заработи за корка леб. Се сеќава дека морал да биде посебно внимателен, да не го фати полицијата, се додека еден ден еден од неговите чести клиенти не му предложил истата работа да ја работи во неговата канцеларија.

И, откако Дру стекнал нешто пари, одлучил да направи „нешто лудо“. Основа сопствена фирма која ја нарекол „Саншајн шушајн“ (сјај на сонцето и полирање чевли).

Денес, соработува со претстижни компании ширум Лондон чии директори и менаџери држат до сјајот на своите чевли. Денес Дру заработува повеќе од 250 000 фунти годишно, а поголем дел од парите ги донира за добротворни цели. Она на што е посебно горд е дека во неговата компанија вработува само бездомници и луѓе со посебни потреби.

Досега вработил околу 40 бездомници, и им оставил избор да одлучат на кој начин ќе помагаат некоја од хуманитарните акции или организации.

Еден од неговите вработени Алан Валтон има 45 години а од тоа 15 години бил без работа. Исто така имал бројни здравствени проблеми , како што рекол Дру, му пружил покрај работата и надеж и самодоверба, така што сега почнува да ја увидува целта на своите животи и иднина.


Thinkinghumanity.com

Foto: YouTube prtscr / IBTimes UK

Слично

Поврзани вести