Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БИБЛИСКИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Маж се удавил во приземјето на својот дом

(ВИДЕО) БИБЛИСКИ ПОПЛАВИ ВО ИТАЛИЈА: Маж се удавил во приземјето на својот дом

Човек се удавил во приземјето на својот дом во Италија. 

Во Тоскана има поплави од библиски размери, а пет луѓе загинаа. Уште неколку се водат за исчезнати. Реката Бисенцио надошла,  а жителите се качувале на крововите за да се спасат.  Четири болници се поплавени, а некои жители останале заробени во своите автомобили. Бурата Киран однесе дваесетина жртви во Европа. 

Властите потврдија дека во Монтемурло од четвртокот попладне наврнале 200 милиметри дожд и дека реката Бисенцио излегла од своето корито на две места. 85-годишен маж е пронајден мртов во приземјето на својот поплавен дом, а постои сомнеж дека не успеал да се искачи по скалите на безбедно.

Меѓу исчезнатите е и двојка чиј автомобил е пронајден превртен во Винчи, западно од Фиренца. Постојат и стравови од преливање на реката Арно во Фиренца, но изгледа дека состојбата се смирила. Во Милано пак има поплава.


Поплавени се цели региони, а водата се излеала и во приземјето на градската болница Свети Стефан во Прато.


Невреме имаше во Франција, Англија, Германија, Белгија, Шпанија и Португалија.  Во Белгија, меѓу загинатите е и петгодишно дете. Загинало откако врз него паднало дрво. 

Слично

Поврзани вести