Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Би купиле ли ултра нацистички бункер од Втора светска војна?

(ВИДЕО) Би купиле ли ултра нацистички бункер од Втора светска војна?

Ако сакате да избегате од сѐ, но на малку пострашно место, тогаш ова е предлог за вас-поранешен нацистички бункер.

Како сцена од филм, букнерот е опкружен со природа.

Овој спомен на едно страшно време се наоѓа во Неринга, Литванија. Изграден во 1939 година, од страна на германските фашисти буди лоши спомени.

„ Откако граничните чувари го напуштија емстото пред 25 години, никој ништо не направил повеќе таму, кажа историчарот Јури Мелков за Ruptly. „ Таму имаше нехигиенски  услови. Се сеќавам дека кога отидов таму сѐ беше напуштено“, додава тој.

Бункерот има 10ина соби, под и над земјата. Областа е обрасната со дрвја и мов, додека  пак ѕидовите на бункерот се обложени со графити.

Локалните власти изјавија дека бункерот ќе биде продаден набрзо.

Литванската влада соопшти дека не може да си дозволи да ја задржи, а се надеваат дека приватните инвеститори ќе можат да ја обноват историската локација.



фото и видео: Ruptly

извор: RT



Слично

Поврзани вести