(ВИДЕО) Бездомник се кандидира за градоначалник на Мичиген
Бездомник од Мичиген ги повика луѓето за нов тип на промена . Џорџ Голубовски се надева декажителите на градот ќе му го дадат својот глас . Бездомникот кандидат на локалните избори во САД , кои се одржуваат денеска , ја претстави својата кампања преку видео на YouTube , кое беше видено од околу 3 000 луѓе уште во првата недела.
Тој тврди дека е бездомник и дека не добива никаква државна помош , но не открива повеќе за себе. Голубовски исто така претендира да има две оценки од Универзитетот во Мичиген , вклучувајќи магистер по јавна политика и вели дека работел во Европа , Њујорк и Вашингтон во општествено- политичкиот и приватниот сектор .
Во видеото , бездомникот изложува неколку ветувања: " Тоа се моите три ветувања. Број еден : да се избричам, а исто така и да ја сменам фризурата . Број два : Ќе ја променам облеката. Ветување број три кандидатот за градоначалник сепак не објави . "
http://www.youtube.com/watch?v=66I6Oq4BalE
Слично
