ВИДЕО: Без свинско и алкохол -ова видео ја вознемири Германија
На Бранденбуршката капија било поставено знамето на „Исламска држава“, а на врвот на катедралата во Келн се гледа полумесечина со ѕвезда.
Се појави филм кој предизвика вистинска бура во германските медиуми.
Авторот на филмот не го заборавил ниту Октоберфест. Според неговата верзија, свинското и алкохолот ќе бидат забранети на таа манифестација. Видеото го направила американската конзервативна организација “Secure America Now”.
Весникот Билд објави напис со наслов „Трамп користи чудна застрашувачка снимка за предизборната битка“. Главната порака е „Храбрите џихадисти успеале да ја освојат Германија и да го прошират калифатот. Внимателно Американци, вашата земја не смее да заврши вака!“.
Слично
