Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БЕЗ ДА СЕ РАКУВААТ: Трамп и Клинтон ја почнаа и завршија третата жестока дебата!

(ВИДЕО) БЕЗ ДА СЕ РАКУВААТ: Трамп и Клинтон ја почнаа и завршија третата жестока дебата!

Кандидатите за нов претседател на САД, демократот Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп синоќа во Лас Вегас ја завршија серијата на дебати со жестоки размени на навреди и обвинувања, а овој пат не се ракуваа ни пред ни после ТВ дискусиите.

Кандидатите ги прескокнаа убавите манири и веднаш почнаа да се навредуваат и да си ги фрлаат еден на друг скандалите и промашувањата на оној другиот.

Дебатата траела 90 минути и е одржана на Универзитетот Невада во Лас Вегас, а водител бил Крис Волас од Фокс њуз. 

Говорејќи за американската меѓународна политика Трамп рекол дека САД не може да брани толку држави во светот и дека спогодбите со нив е потребно повторно да се дефинираат, а дека на Хилари не треба да и се верува кога говори дека се ќе остане по старо.

„Докажала дека е лажливец на толку различни начини, ова е само уште една лага“, рекол Трамп.

Селедела расправа за Блискиот исток и Сирија, па Трамп во еден момент рекол дека претседателот на Сирија Башар ал Асад е многу „поцврст и попаметен од неа и од Обама“.

„Ако падне Асад, би можеле да добиеме некој полош од него“, заклучил Трамп.

Клинтон пак говорејќи за зоната на забранет лет над Сирија, рекла дека нејзиното воспоставување спасило животи и го забрзало крајот на војната.

„Џон Подеста (шефот на кампањата на Хилари) вели деа имаш грозни инстинкти, Берни Санадерс дека лошо просудуваш. Човече во право се, се сложувам со двајцата нив“, рекол републиканецот.

„Санадерс рекол дека ти си најопасната личност која се кандидирала за претседател во блиска историја. Се сложувам со него“, возвратила Клинтон.

Во видеата подолу погледнете што и какви зборови си разменија двајцата кандидати кои се тркаат за претседател на САД.


Слично

Поврзани вести