Видео: Бесен возач прегази пешаци во Лондон
Возач на автомобил со голема брзина влета во пешачка зона во Лондон доцна во текот на ноќта при што прегазил најмалку пет лица од кои две се во потешка здравствена состојба.
Инцидентот се случи во улицата Стоквел роуд, а полицијата соопшти дека случајот не го третира како тероризам.
– Полицијата е повикана на самото место во три часот по полноќ, со цел да го испита влетувањето на автомобилот меѓу пешаци во улицата Стоквел роуд, во близина на крстосницата со улицата Сидни. Ова не се третира како терористички напад. Полиција и амбулантни возила се наоѓаат на местото на несреќата. Пет лица се повредени, а две се во критична здравствена состојба, истакна портпарол на лондонската полиција.
Stockwell driver rams through pedestrians pic.twitter.com/GDsqgDsWkq
— Khalid Nure (@knure2015) December 2, 2017
Улицата Стоквел роуд е блокирана, а во тек е истрага.
