Видео: Белците го истурија бесот против црн претседател и го избраа Трамп
Водителот Вен Џонс од CNN победата на Доналд Трамп ја окаректириза како истурање на бесот на белците на САД против првиот црн претседател Барак Обама и дека се одмаздиле со тоа што го одбрале најрасистичкиот кандидат.
„Луѓето зборат за чудо, јас го слушам зборот кошмар. Имам пријатели муслимани кои цела вечер ме прашуваа дали треба да ја напуштат земјата. Семејства на мигранти исто така се загрижени за својата иднина. Како родител не знам како ќе им објасниме на нашите деца што се случува и зошто. Ги воспитуваме да имаат почит, да работат напорно, да бидат вредни и да ја чекаат својата шанса. Разбирам дека народот беше гневен на естаблишментот, но нашата иднина како држава сега е неизвесна“, посочи Џонс во неговиот потресен говор по победата на Трамп.
