Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бегалците принудени да минуваат низ студена река во Хрватска

(ВИДЕО) Бегалците принудени да минуваат низ студена река во Хрватска

Словенија излезе со сериозни обвинувања за Хрватска.

На прес конференцијата на словенечката влада, беа прикажани видео записи од камери на хеликоптери, на кои наводно се гледа како хрватската полиција ги принудува бегалците да ја минуваат студената река Сутла.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=x4yhfWUZ_tE[/embed]

"Тие ги испраќаат луѓето, со несоодветна облека и обувки, да ја преминуваат ладната Сутла, а нас нè обвинуваат дека сме неорганизирани", изјави словенечкиот државен секретар Боштијан Штефиц.

Тој тврди дека бегалците ноќта во вторникот на хрватско-словенечката граница биле транспортирани со возови, и оставени во полињата за во Словенија да влезат пеш.

Ова следи откако Унгарија ја затвори својата граница во петокот вечерта. Од тогаш, повеќе од 20 илјади бегалци пристигнаа во Словенија, со цел да одат до Австрија.
Слично

Поврзани вести